УТРОВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО – 13, ОД УТРЕ ПОЛЕКА ЌЕ ЗАТОПЛУВА Локални дождови и снег на планинитe
Утринските температури се движат од – 13 во Берово, до – 4 во Кичево, а максималните дневни од 3 во Велешко, до 9 степени во Пелагонија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови на земјата, и врнежи од снег на повисоките планини. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Според прогнозата на УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од – 13 во Берово, до – 4 во Кичево, а максималните дневни од 3 во Велешко, до 9 степени во Пелагонија.
Уте не очекува слично време со малку повисоки утрински (до -8) и дневни температури, кои ќе се искачат до 12 степени.
Според метеопрогнозерот Славчо Попоски, викендов територијата на Македонија ќе биде под влијание на јужно воздушно струење и на потопол воздух од југ. Истовремено, земјава ќе се најде под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, односно на територијата на Италија.
Целата прогноза на Поповски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.