УТРОВО СКОПЈЕ НА 22 МЕСТО СПОРЕД АЕРОЗАГАДЕНОСТ Влезе во категоријата умерено загадени градови
На прво место на ранг листа на Ајкју-еар (IQAir) денеска е рангиран Багдад, пред Делхи, Индија и Пекинг, Кина.
Скопје се наоѓа на 22. место според загаденоста на воздухот, со Индекс на квалитет на воздухот од 88, со што се вброи во категоријата „умерено“ загадени градови. Вчера беше на 13 место во категоријта „нездрав“ воздух.
На прво место на ранг листа на Ајкју-еар (IQAir) денеска е рангиран Багдад, пред Делхи, Индија и Пекинг, Кина. Од балканските градови во првите 15 места денеска се наоѓаат Софија (11) и Белград (15), кој вчера беше на врвот на листата како најзагаден.