Утрово нема нови заболени, сите 22 теста од сношти се негативни

2,820

Министерството  за здравство информира дека утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата.

Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.






Бројката на заболени со вирусот во земјава е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата.

Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје.

Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација.

Поврзани содржини