Утрото ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -7 степени, а максималната, 12 степени, на југот од државата.
Во Скопје утрото ќе биде студено, а преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност и со температура до 6 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а по одделни котлини ќе има појава на магла и пониски температури.
Локални врнежи од дожд со слаб интензитет се очекуваат помеѓу вторник и среда.