УТРОВО Е НАЈСТУДЕНО НА ПОПОВА ШАПКА Измерени се -10 степени
Во текот на ноќта беше облачно со повремени врнежи од снег претежно во централниот дел од земјата. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Утринава снег провејува во Крива Паланка.
На Попова Шапка е формирана снежна покривка од 62 сантиметри, во Маврови Анови 57, во Крушево 39, Битола 33, Берово 26, Тетово 25, а во Скопје девет сантиметри, соопшти УХМР.
Најстудено утрово е на Попова Шапка -10 степени, во Маврово и Крушево е -7, Берово -4 Берово, -1 во Скопје, а над нулата е само во Гевгелија со 2 степена.
Во текот на ноќта беше облачно со повремени врнежи од снег претежно во централниот дел од земјата. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Утринава снег провејува во Крива Паланка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.