УТРОВО ЌЕ БИДЕ ПОСТУДЕНО ОД ВЧЕРА Претпладне во одделни котлини појава на магла, преку ден променливо облачно

Во Скопје претежно облачно со слаба магла и со слаб јужен ветер со температура од 4 до 11 степени.

160

Денеска нѐ очекува променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во претпладневните часови во одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.

Во Скопје претежно облачно со слаба магла и со слаб јужен ветер со температура од 4 до 11 степени.






Минималните утрински температури ќе се движат од 1 степени во Берово до 10 во Гевгелија, а максималните дневни од 11 во Маврово и 16 Целзиусови степени во Гевгелија.

В петок ќе биде облачно со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите во текот на денот ќе се намалуваат.

Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од 4 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 6 степени до 13 степени.

Поврзани содржини