УТРОВО ЌЕ БИДЕ МНОГУ СТУДЕНО Продолжува сончевото време

335

И денеска утрото ќе биде студено со услови за појава на утринска магла по котлините.

Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност зголемена во источните и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.






Во Скопје ќе биде студено со услови за појава на слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до – 6, а највисоката дневна температура ќе биде 10 степени.

Поврзани содржини