УТРОТО ЌЕ БИДЕ ГРЧ СТУДЕНО Преку ден ќе биде сончево и ветровито

1,866

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.






Минималната температура ќе се спушти до -8 степени, а максималната ќе се искачи до 13-от степен.

Во Скопје, утрото ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде -3, а максималната 11 степени.

Во наредните денови се очекува температурата да биде во пораст.

Поврзани содржини