(ОБНОВЕНО) НАЈМАЛКУ 49 ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА, ДОГОВОРЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ? Привремено затишје меѓу Ерменија и Азербејџан

Ентони Блинкен, државниот секретар на САД, изјави дека Америка е длабоко загрижена за конфликтот на границата меѓу Ерменија и Азербејџан и ги повикуваат страните веднаш да го прекинат огнот.

451

Во моментот има 49 загинати (ерменски војници) и за жал тоа не е конечниот број, истакна ерменскиот премиер Никол Пашинјан во Парламентот. Според медиумите азербејџанската армија утрово изврши напад на пет до шест места долж границата со Ерменија, во она што многу медиуми го протолкуваа како можна нова војна.

По ноќта во која имаше размена на оган по целата граница, азербејџанските медиуми објавија дека Баку и Ереван се договориле за прекин на огнот денеска од 09 часот по локално време, пренесе Спутник, повикувајќи се на свои извори, пренесува руската агенција.






Во текот на ноќта дојде до вооружени судири на ерменско-азербејџанската граница, а страните меѓусебно се обвинуваат дека започнале нова ескалација. Двете страни пријавиле жртви меѓу припадниците на нивната армија, пренесува РИА Новости. ТАСС пренесува дека силите на Азербејџан отвориле интензивен оган во правец на неколку ерменски градови користејќи артилерија и оружје од голем и мал калибар.

 

Ентони Блинкен, државниот секретар на САД, изјави дека Америка е длабоко загрижена за конфликтот на границата меѓу Ерменија и Азербејџан и ги повикуваат страните веднаш да го прекинат огнот.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан ги покани Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот државен секретар Ентони Блинкен да разговараат за ситуацијата. Блинкен повика на итен прекин на непријателствата, за кои секоја страна ја обвинува другата.

Владата на Азербејџан објави дека Ерменија „почнала со широки провокации“ против

Двете земји со децении наназад имаат несогласувања за регионот Нагорно-Карабах, кој во советско време имаше мнозинско ерменско население, но легално беше дел од Азербејџан.

По распадот на Советскиот Сојуз, Нагорно-Карабах прогласи независност од Баку како Република Арцах, со поддршка од Ереван, што предизвика тригодишна војна.

Војната заврши во 1994 година со победа на Ерменија, а Нагорно-Карабах беше под ерменска контрола четвртина век, иако неговиот статус никогаш не беше меѓународно признат.

По една деценија стагнација, Азербејџан во 2020 година повторно зазеде големи делови од регионот, принудувајќи ја Ерменија да направи големи територијални отстапки. Ова вклучуваше одредба со која се ограничува пристапот на Ерменија во регионот до безбеден коридор надгледуван од руски мировници.

Во меѓувреме, примирјето на неколку пати беше прекинувано со спорадични напади од двете страни.

Поврзани содржини