Утревечер ќе прскаат против комарци во Скопје

468

Втората фаза од терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми и ларви од комарци, ќе се врши од утре, 29 јуни до 3 јули, во време од 22 до 23 часот, информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, велат, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.






Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

Поврзани содржини