УТРЕ ТРЕБАШЕ ДА СТАНЕ ПРВАЧЕ Ова е Софија, девојчето што беше убиено во рускиот ракетен напад на Чернихив
Шестгодишната Софија била единственото и долгоочекувано дете на нејзините родители Олга и Олександар, нејзината мајка завршила во болница по рускиот ракетен напад врз Чернихив, додека нејзиниот татко е украински ветеран во армијата.
Вчера, околу пладне по локално време, руските сили истрелаа балистичка ракета врз зградата на театарот лоцирана во строгиот центар на украинскиот град Чернихив. Убија седум лица, а повредија 144.
Меѓу убиените е и 6-годишното девојче Софија. Како што соопшти украинското Министерство за одбрана на Твитер, таа утре требаше да започне прво одделение во основно училиште.
Потресителни податоци за трагичната смрт за 6-годишната Софија на својот Твитер профил сподели и Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
Герашчено напиша дека Софија „била единственото и долгоочекувано дете на нејзините родители Олга и Олександар“. Повикувајќи се на информации споделени од семеен пријател, тој соопшти дека нејзината мајка завршила во болница по рускиот ракетен напад врз Чернихив, додека нејзиниот татко е украински ветеран во армијата.
Sophia, 6, was killed by the Russian missile in Chernihiv today.
Sophia was the only and long-awaited child of her parents, Olga and Oleksandr. Her mom is in hospital. Her dad is defending Ukraine in the Army, a family friend wrote.
RIP, Sophia. Deepest condolences to all who… pic.twitter.com/aFpH4IOzVI
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 19, 2023
Русите вчера со ракети го нападнаа центарот на Чернихив кога жителите одеа во црква за православниот празник Преображение. Мотивот, наводно бил собирот на производители на дронови што се одржувал во театарот во Чернихив.
„Руската ракета директно го погоди центарот на градот во нашиот Чернихив. Плоштадот, Политехничкиот универзитет, театарот. Обична сабота која Русите ја претворија во ден на болка и загуба“ објави на Телегра, украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Чернихив е град на зелени булевари и вековни цркви на околу 145 километри северно од главниот град Киев.