Утре стартува вакцинацијата, први ќе се боцкаат здравствените работници од Инфективна

Ве известуваме дека на 17.02.2021 година (среда), во модуларната болница на КИБФС во Скопје, ќе започне вакцинација на здравствените работници кои работат во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

330

Министерството за здравство информираше дека утре во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје ќе започне вакцинацијата против ковид-19.

Како што е наведено во соопштението, најпрво ќе бидат вакцинирани здравствените работници од Инфективната клиника, со донираните вакцини од Србија.






„Ве известуваме дека на 17.02.2021 година (среда), во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ќе започне вакцинација на здравствените работници кои работат во ковид центрите“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Како што најавија властите, поголема доза на вакцини се очекува кон крајот на месецов, со што ќе бидат вакцинирани најпрво останатите медицински работници кои работат со ковид пациенти.

Поврзани содржини