УТРЕ ПРАЗНИКОТ ЌЕ НИ СЕ ПОГОДИ ЗА ШЕТАЊЕ Еве по кој распоред ќе возат автобусите и жичницата до Водно

2,157

ЈСП „Скопје“ ги известува граѓаните дека на 23 октомври 2024 година, по повод одбележувањето на државниот празник – Денот на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат според неделниот возен ред.

Патниците кои имаат потреба од купување билети или персонализирање на картички, ќе можат да ги користат следниве билетарници и центри за персонализација, кои ќе бидат дежурни и ќе работат од 8 до 14 часот:






– Транспортен центар,
– Ѓорче Петров,
– Зелен пазар.

Од јавното претпријатие исто така информираат дека жичницата на Водно ќе функционира според редовното работно време, од 10 до 18 часот. Последното возење од подножјето до врвот ќе биде во 17:00 часот, а од врвот надолу во 17:45 часот.

Од ЈСП „Скопје“ ги поттикнуваат граѓаните да го планираат своето патување согласно овие измени и навреме да ги завршат потребните активности.

Поврзани содржини