УТРЕ ПОСЛЕ ПЛАДНЕ НЕМА ДА ИМА АВТОБУСИ ОД ЈСП Кој му должи 65 милиони денари на претпријатието?
Месечните трошоци за плати достигнуваат и до 65 милиони денари. Два милиони евра, велат од Град Скопје, е долгот само од Министерството за образование за бесплатниот превоз на ученици и студенти, 40 милиони денари должат општините, а 90 милиони е наследен долг.
Утре после пладне граѓаните е добро да смислат друга алтернатива за превоз низ Скопје, освен автобусите, тие ќе бидат паркирани пред Владата, пишува Алсат. Истовремено, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најави контрапротест во кој автобусите ќе ги стави пред сите институции во градот да стојат и блокираат сообраќај, сѐ додека државата не го плати долгот кој го има кон ЈСП, за што веќе пишуваше Плусинфо.
Вработените ќе штрајкуваат поради долгот од централната власт кон ЈСП. Од Град Скопје бараат Владата итно да го исплати долгот за компанијата да има пари за плати на вработените, но дури и со таа сума, ќе се покријат само платите за септември и октомври. Месечните трошоци за плати достигнуваат и до 65 милиони денари. Два милиони евра, велат од Град Скопје, е долгот само од Министерството за образование за бесплатниот превоз на ученици и студенти, 40 милиони денари должат општините, а 90 милиони е наследен долг.
Од Владата попладнево демантираа дека Министерството должи пари за ЈСП и обвинија дека всушност општините неодговорно менаџираат со средствата наменети за превоз на учениците.
И покрај оваа хаотична состојба во ЈСП, градоначалничката Арсовска и понатаму ветува бесплатен јавен превоз за сите граѓани. Тој, како што тврди таа, ќе почне да се реализира во втората половина на следната година.