Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и со грмежи.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Најтопло ќе биде на југот од државата, со максимални 35 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 33 степени.
Од четврток, според прогнозите на метеоролозите, горештините се враќаат, но не со интензитет како во јули.