УТРЕ ПОЧНУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДА МЕЃУ ВРЕДИ И ВМРО-ДПМНЕ Победата ни ја донесоа иселениците, вели Касами
Ова е како резултат на доаѓањето на нашите иселеници. Затоа 100 илјади пати им велам „благодарам, благодарам, благодарам!“ на сите тие кои дојдоа и уште еднаш ја направија разликата во татковината. Затоа во име на 100 илјади гласови на Коалицијата Вреди им кажуваме благодарам, изјави Касами.
„Коалицијата Вреди излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција Вреди. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани“.
Вака изјави Биљал Касами од БЕСА.
Ова, според Касами, е резултат на доаѓањето на нашите иселеници.
– Коалицијата Вреди е апсолутен победник кај Албанците. Ова е како резултат на доаѓањето на нашите иселеници. Затоа 100 илјади пати им велам „благодарам, благодарам, благодарам!“ на сите тие кои дојдоа и уште еднаш ја направија разликата во татковината. Затоа во име на 100 илјади гласови на Коалицијата Вреди им кажуваме благодарам – изјави Касами.
Касами рече дека според анализите ВРЕДИ најверојатно ќе излезат со подеднаков број пратеници споредено со коалицијата ДУИ.
– Разликата во гласови нема да помине 10 илјади – нагласи Касами.