УТРЕ ПОЧНУВА СКРИНИНГОТ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА Ќе се тестираат 258 ученици

Министерството за здравство апелира на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност.

182

Скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје ќе започне утре. Во план е во текот на утрешниот ден да се тестираат 258 средношколци, а  низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, информира Министерството за здравство.

Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина.

– Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот ковид 19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата- велат од Здравство.

Министерството за здравство апелира на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност.

– Скринигот ќе обезбеди безбедно одвивање на наставата и заштита на здравјето на децата – велат од Министерството за здравство.

Поврзани содржини