УТРЕ НЕМА ВОЗЕЊЕ ПО ДАМЕ ГРУЕВ И ПО ДИМИТРИЕ ЧУПОВСКИ Ќе се гребе стариот асфалт
ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
Утре на улиците Даме Груев и Димитрие Чуповски во центарот на Скопје од 8 до 15 часот ќе биде вовведен времен режим на сообраќај поради изведба на градежни активности за реконструкција на коловозот, информираат од ЈП Улици и патишта Скопје.
Градежните активности, односно машинското гребење на оштетениот асфалт ќе почне од улицата Даме Груев кон крстосницата со улицата Димитрие Чуповски до улицата Македонија.
Во текот на викендот ќе продолжат активностите за асфалтирање со прв слој асфалтна маса на улицата Александар Урдаревски, па времениот сообраќаен режим ќе важи за лентата што е во насока на движење од обиколницата кон крстосницата кај населено место Кучевишка Бара. Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена по една сообраќајна лента и на двете улици.
ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.