УТРЕ НЕКОЛКУ СКОПСКИ УЛИЦИ БЕЗ ВОДА И БЕЗ СТРУЈА Технички зафати во Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Батинци…
Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм во непосредна близина на пумпната станица во Драчево, од 08:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата Батинци и Љубош во Општина Студеничани.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиени известувања од ЕВН и од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 19.10.2022 година (среда), без електрична енергија ќе останат:
08:30 – 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Блажо Орландиќ и дел од ул..12-та Македонска бригада, во околината на крстосницата кај кулите Џевахир, Општина Аеродром,
09:00 – 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Методија Патчев во нас. Драчево во Општина Кисела Вода,
10:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов во Општина Карпош.
Истовремено, поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм во непосредна близина на пумпната станица во Драчево, од 08:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата Батинци и Љубош во Општина Студеничани.
Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб во населба Водно, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Периша Савелиќ и дел од улицата Тодор Александров.