Утре натпросечно топло, во четврток нагло заладување и дожд

704

Времето утре сѐ уште ќе биде натпросечно топло со дневни температури околу 30 степени, но попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за појава на град.

Како што соопшти УХМР, значително заладување ќе има во четврток, кога ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер, па дневната температура ќе биде и за десет степени пониска во однос на денешната (ќе достигне вредности во интервал од 16 до 23 степени).






Од петок до недела времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер и со пријатни дневни температури.

Поврзани содржини