Утре напладне ќе се одржи седницата на Советот за безбедност

Во согласност со препораките за заштита од ковид-19 изјавата на претседателот Пендаровски ќе се реализира на отворено, пред „Вила Водно“.

279

Утре, 30 мај 2020 година, сабота, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

– На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче – велат од Кабинетот на Претседателот.






По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на јавниот сервис, Facebook и YouTube каналот на Претседателот.

Во согласност со препораките за заштита од ковид-19 изјавата на претседателот Пендаровски ќе се реализира на отворено, пред „Вила Водно“.

 

Поврзани содржини