УТРЕ МОЖЕН ПРЕКИН НА ПАТОТ КОН КОСОВО Рано наутро ќе се врши подигнување на превртен камион
Автомотосојузот соопшти дека утре меѓу 5 и 7 часот наутро ќе се врши подигнување на превртен камион со полуприколка на околу 4 километри пред вториот кружен тек на патот кон Косово, поради што може да дојде до краткотраен прекин на сообраќајот.
На патот кон Косово на околу четири километри пред вториот кружен тек, утре изутрина од 05:00 до 07:00 часот ќе се врши подигнување на превртен камион со полуприколка, поради што може да дојде до краткотраен прекин или пренасочување на сообраќајот, соопшти Автомотосојузот на Македонија(АМСМ).
„Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, се вели во соопштението.