Утре лидерска средба Заев-Ахмети за конечен договор за нова влада
За сите нови информации од финалето на преговорите во јавноста ќе известуваат исклучиво официјални лица или прес службите на партиите.
Постигнат е сериозен напредок во преговорите за нова Влада, се очекува средба меѓу претседателите Заев и Ахмети за конечен коалициски договор, соопштуваат од СДСМ.
Според нив, интензивните работни средби продолжиле за време на викендот и денес со цел креирање коалициски договор за идна стабилна Влада.
„Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада. Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години“, се вели во соопштението на СДСМ.
За сите нови информации од финалето на преговорите во јавноста ќе известуваат исклучиво официјални лица или прес службите на партиите.