УТРЕ ИЗБЕГНУВАЈТЕ ДА ВОЗИТЕ ВО ЦЕНТАР Поради подготовки за празникот изменет сообраќаен режим

Затворени за сообраќај ќе бидат улиците 11 Октомври и Димитрие Чупоски во правец на движење од улицата Васил Главинов до улицата Филип Втори Македонски, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.

634

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста утре почнувајќи од 11 часот во централното градско подрачје ќе има изменет сообраќајниот режим.

– Затворени за сообраќај ќе бидат улиците 11 Октомври и Димитрие Чупоски во правец на движење од улицата Васил Главинов до улицата Филип Втори Македонски, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци – велат од Министерството за внатрешни работи.






Од МВР информираат дека од 23 часот на 07.09.2021 до 11 часот на 08.09.2021 година дополнително затворени за сообраќај ќе бидат улиците Даме Груев на потегот од крстосницата со улицата Македонија до крстосницата со улицата 11 Октомври и улицата Филип Втори на потег од Кеј 13 Ноември до улицата 11 Октомври и улицата 11 Октомври на потегот од булеварот Кочо Рацин до улицата Даме Груев.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Се апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Поврзани содржини