УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ИМА ПРОМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ Ќе се одржи лидерски состанок од Процесот Брдо – Бриони

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

3,296
Утре и в понеделник  во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај по повод  одржување на лидерскиот состанок во Процесот Брдо – Бриони, соопшти МВР.





-Во текот на овие два дена во официјална посета на Република Северна Македонија ќе бидат поголем број странски делегации и од тие причини сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе се одвива под услови на посебен режим на сообраќај – велат од МВР.

 

Оттаму апелирааат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Поврзани содржини