УТРЕ ЕКСТРЕМНА ОПАСНОСТ ОД ПОЖАРИ Граѓаните на Атика и на Евија добоја предупредување

Преку пораката, се бара од граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат активности што може да предизвикаат пожар и веднаш да ја известат противпожарната служба, доколку забележат чад или жариште.

243

Жителите на областа Атика, поширокиот регион Атина и на островот Евија добија порака од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција со предупредување за екстремна опасност од пожари во текот на утрешниот ден.

Преку пораката, се бара од граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат активности што може да предизвикаат пожар и веднаш да ја известат противпожарната служба, доколку забележат чад или жариште.






-Екстремна опасност од пожари, утре 22 август 2021 година во Атика и Евија. Избегнуваме било каква активност што може да предизвика пожар. Забранет е пристапот во шуми и шумски области. Избегнуваме непотребни движења. Во случај да забележиме чад или пожар веднаш ја известуваме противпожарната служба на 119 или 112 и остануваме внимателни – пишуваше во пораката испратена денеска.

 

Поврзани содржини