УТРЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОГО ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ЗА ГУВЕРНЕР За Сиљановска Давкова важно е и кој ќе биде заменик гувернер

Претседателската на државата смета дека е важно и кој ќе биде заменик-гувернер бидејќи гувернерот треба да соработува со него при донесувањето на макроекономските одлуки.

96

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка.

– Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено…Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш – изјави Сиљановска-Давкова.






Таа рече дека е важно и кој ќе биде заменик-гувернер за НБРМ.

-Тие треба да соработуваат, тоа е систем за макроекономската стабилност. Да бидам искрена, ако ги оценуваме кандидатите, тие со кои разговарав, низ призма на експертско знаење – немам проблем. Сме имале среќа во оваа држава, одлично сме се однесувале кон оваа функција. Во среда веќе ќе знам (н.з. за тоа кој ќе биде предлог). Јас во меѓувреме консултирав и експерти од областа, луѓе кои се врвни, па дури и кои биле на функцијата -рече таа.

Сиљановска-Давкова требаше вчера да го достави предлогот до Собранието, но, од нејзиниот Кабинет, информираа дека ќе направи дополнителни анализи по што предлогот ќе го достави до Парламентот.

Тројца најсериозни кандидати се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

Мандатот на актуелната гувернерка завршува утре.

ЌЕ РАЗМИСЛИ УШТЕ НЕКОЈ ДЕН КОГО ДА ПРЕДЛОЖИ ЗА ГУВЕРНЕР Сиљановска Давкова денеска нема да даде предлог за нов шеф на Народната банка

Поврзани содржини