Утре ќе славиме Ден на независноста, а сите сме зависни
Ние разделени по табори и партии додека елитите се здружени во пљачкањето на Македонија.
Утре ќе славиме Ден на независност…
Зависни од партии кои ни ја одредуваат судбината, партии кои бараат слепа послушност за да можеш да се вработиш, ако имаш приватен бизнис да ти фрлат некоја трошка, па ко ќе дојдат другите да ти исцицаат сѐ со инспекции.
Зависни од кредити без кои не можат да се платат сметки и да се помине месецот затоа што имаме најниски плати во Европа. Кредити со кои се богатат банки со камати, а парите одат за разни извршители.
Зависни од лекови за смирување кои ги конзумираме најмногу по глава на жител во Европа, зависни од алкохол затоа што овде повеќе не се живее со реалноста.
Зависни од турски серии и евтин турбофолк затоа што за повеќе и немаме.
Зависни од евтини бразилски копани и фаст фуд кој нѐ убива, затоа што толку е платата. Нешто треба да се јаде.
Зависни од озборувања, омраза, јад, очај…
Ние разделени по табори и партии додека елитите се здружени во пљачкањето на Македонија.
(Фејсбук статус на авторот)