Утре ќе се прска против комарци во Скопје

310

Втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре во раните утрински часови, соопшти Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.






Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Поврзани содржини