УТРЕ ЌЕ СЕ ПЕЧЕМЕ, НО ПОТОА ДОАЃА НЕВРЕМЕ Северен ветер и дожд ќе го растурат жешкото време

Ветер над 60 км/час и драстично заладување од среда. Температурите ќе паднат од 41 степен на 30 степени.

1,889

Граѓаните на Македонија утре ќе се соочат со екстремна жештина, но веднаш потоа следува драстичен пресврт. Според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), земјава ја очекува голема временска промена, од топлотен бран до силен северен ветер и значително заладување.

Утрешниот ден (вторник) ќе биде пеколен, сончево и многу топло, со температури кои ќе достигнат до 41 степен. Ќе дува и умерен до повремено засилен ветер од југозападен правец, со брзина и над 60 километри на час. Во попладневните часови се можни изолирани грмежи и пороен дожд.






Но, времето ќе се промени драстично. Веќе од среда навечер и особено во четврток, под влијание на посвежа воздушна маса од север, температурите ќе се намалат дури за 8 до 10 степени. Ќе дува засилен северен ветер, а во северниот дел на државата се очекува повремен дожд.

Во петок пак, има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но за време на викендот времето повторно ќе се стабилизира. Сончевото време ќе се врати, со мала до умерена облачност, и со постепен пораст на дневните температури.

Во Скопје утре максималната температура ќе достигне 41 степен, а од четврток ќе се почувствува значително освежување.

Поврзани содржини