Утре (20.05.2023 година) поради асфалтирање на коловозот со втор слој асфалтна маса на улицата Даме Груев во насока на движење од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улицата Македонија, во периодот од 8 наутро до 15 часот попладне, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.
Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена едната, а потоа и другата коловозна лента на коловозот.
ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.