Утре ќе работат дежурните ординации во трета смена
Како што соопшти Министерството за здравство, службата за Итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.
Во текот на утрешниот ден, кој е прогласен за неработен, согласно вообичаениот распоред за работа за недела и за празници, ќе функционираат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, информираат од Здравствен дом-Скопје.