УТРЕ Е ПЕТОК И ВРЕМЕ Е ЗА ГРАВЧЕ Два супер трикови кои ви ќе помогнат побрзо да го зготвите
Секако, времето кое ќе го потрошите на готвење најмногу зависи од неговиот вид и квалитет. Лошиот квалитет и стариот грав тешко се готви и може да остане „тврд“ дури и по долга термичка обработка.
Јадењето кое е омилено не само во Македонија туку и на целиот Балкан е гравот. Меѓутоа, при неговата подготовка, домаќинките наидуваат на проблем наречен време – понекогаш на гравот му се потребни неколку часа за да се свари.
Постојат два многу едноставни трикови со кои можете да го решите овој проблем.
1. Сода бикарбона
Повеќето домаќинки знаат дека гравот треба да се натопи во ладна вода преку ноќ. Но, за да се готви побрзо, „повикајте ја на помош“ сода бикарбоната.
Имено, добро е да додадете една лажичка сода бикарбона кога готвите грав во првата вода. Оставете го гравот да врие најмалку 15 минути, а потоа исцедете ја водата и додадете малку масло.
2. Домашна ракија
Истурете ладна вода во сооднос 4:1 на гравот што ќе го готвите, односно за половина килограм грав да има два литра вода. Во него додадете 50 милилитри ракија и сè заедно сварете. Кога вака готвите грав, искуството вели дека е доволно да се крчка 45-50 минути и да биде целосно готов.
Секако, времето кое ќе го потрошите на готвење најмногу зависи од неговиот вид и квалитет. Лошиот квалитет и стариот грав тешко се готви и може да остане „тврд“ дури и по долга термичка обработка.