УТРЕ ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЕСЕНСКАТА КОШНИЧКА ОД 100 ПРОИЗВОДИ Се одлучува дали да замрзнат нивните цени или да паднат маржите

Работната група утре ќе донесе одлука за оваа мерка, која ќе биде доставена до владата наредната недела за усвојување и започнување на процедурата за почитување на мерките.

177

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, најави дека до утре ќе биде подготвена есенска потрошувачка кошничка со 100 производи, врз основа на која ќе се направи симулација за ограничување на цените или маржите од 5, 10 или 15%.

Како што информираше министерот Дурмиши, работната група утре ќе донесе одлука за оваа мерка, која ќе биде доставена до владата наредната недела за усвојување и започнување на процедурата за почитување на мерките.






– Утре на крајот на денот, работната група ќе извести дали ќе се одлучи за замрзнување на цените или ограничување на маржите на 5, 10 или 15 проценти – рече министерот во изјава за медиуми по денешната посета на книжарниците „Просветно Дело“ и „Алби“.

Дополни дека потрошувачка кошничка ќе продолжи и во наредните периоди, како зимска, велигденска и рамазанска кошничка.

Министерот, исто така, информираше дека Законот за нефер трговски практики ќе стапи на сила до крајот на месецот, дополнувајќи дека фирмите имаа шест месеци да ги усогласат своите цени.

Поврзани содржини