УТРЕ ДОЖД Од недела температурите ќе опаѓаат
До сабота ќе преовладува променливо облачно време.
До сабота ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер, соопшти УХМР.
Утре ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи, а во сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, наместа пообилни. Од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.