УТРЕ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ЛУКА ГЕРОВ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН Еве каде ќе се движат автобусите
Нов режим на сообраќај по улиците на населбата „Даме Груев“ ќе има од утре до понеделник.
Поради градежни зафати дел од улицата Лука Геров во населба „Даме Груев“ ќе биде затворана, па сообраќајот ќе се одвива по споредните улици. Новиот режим на сообраќај почнува утре од 8 часот до понеделник до 6 часот.
Јавното сообраќајно претпријатие информира дека автобусите од линиите 22, 22А и 64А во тој реон ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
„Во насока од Транспортен центар и Клинички центар до после надвозникот на улица Лука Геров ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат десно по улица Лепенец, па лево по улица Шар Планина, па пак лево по улица Тиранска и оттаму ќе се вклучат десно на улица Лука Геров од каде што ќе продолжуваат по своите редовни траси до Лепенец и Никиштани.
Во насока од Никиштани и Лепенец до крстосницата на улица Лука Геров со улица Тиранска ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат лево по улица Тиранска, па десно по улица Шар планина, потоа десно по улица Лепенец и пред надвозникот ќе се вклучат лево на улица Лука Геров од каде што ќе продолжат по своите траси до Транспортен центар и Клинички центар“, појаснуваат од ЈСП.