ЉУТКОВ ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ЗА ДОЦНЕЊЕТО НА ПЛАТИТЕ Министерот ја објасни причината
Свесен сум дека тоа е голем проблем кој предизвика непријатност за Вас и за Вашите семејства, уште повеќе што ова треба да се денови на радост и на семејна прослава. Искрено жалам што дојде до ова доцнење и покрај сите мои напори да се стигне навреме, рече министерот за култура, Зоран Љутков.
„Како ваш колега и министер за култура и туризам, сакам искрено и длабоко да Ви се извинам поради тоа што се случи – платите да доцнат и да не бидат исплатени пред Велигденските празници“.
Ова им го порача министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на вработените во културата.
„Свесен сум дека тоа е голем проблем кој предизвика непријатност за Вас и за Вашите семејства, уште повеќе што ова треба да се денови на радост и на семејна прослава. Искрено жалам што дојде до ова доцнење и покрај сите мои напори да се стигне навреме. Причината за ова е долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата што, пак, секоја година создава огромни проблеми. За конечно и трајно да го надминеме овој предизвик мораше да се усогласат сите засегнати страни, што не било пракса во минатото и сето тоа, за жал, доведе до доцнење со исплатата. Ве уверувам дека оваа постапка која се одвиваше деновиве има за цел да создаде основа за подобро, поправедно и достоинствено вреднување на нашата работа во иднина. Ви се заблагодарувам на трпението, разбирањето и професионалноста што ја покажувате. Од мое име Ви се извинувам и Ве уверувам дека посветено работиме ваквите ситуации никогаш повеќе да не се повторат“, посочи Љутков во неговата објава на социјалната мрежа Фејсбук.