ЌУТЕНКАТА, БЕЗ МНОГУ ВРЕВА, ТУКУ СО МНОГУ РАБОТА Пуштен е во употреба новиот пат Охрид-Свети Наум

Охрид полека го добива ликот на посакувана и пристапна европска дестинација. Го поврзуваме со светот со нови авио линии, а со обновените патишта овозможуваме да дише слободно и да се развива како што му прилега, порача премиерот Христијан Мицкоски.

7,568

Ова денеска не е само пуштање на пат, туку е уште една потврда за определбата на Владата: да се гради без многу врева, без партиски и бизнис спектакли, со план, со јасна визија и со многу работа, изјави премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираниот патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум.

– Во моментов, паралелно се градат неколку клучни патни правци. Автопатот Кичево-Охрид силно се забрзува, делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани се активни, а се работи и на подготовка на делницата за градба на потегот Букојчани-Кичево. Тоа значи дека целосно го затвораме автопатниот прстен во Западна Македонија. Нашата стратегија е јасна. Инфраструктурата не е трошок, таа е инвестиција во иднината на државата. Инфраструктурата ги отвора вратите за туризам, за економија, за нови работни места, за живот со достоинство – изјави Мицкоски.






Овој пат што денеска го пуштаме во употреба, додаде премиерот, нѐ поврзува со еден од најголемите духовни и туристички центри на Балканот, а тоа е манастирскиот комплекс Свети Наум.

– Охрид полека го добива ликот на посакувана и пристапна европска дестинација. Го поврзуваме со светот со нови авио линии, а со обновените патишта овозможуваме да дише слободно и да се развива како што му прилега. Граѓаните гледаат резултати. Додека некои зборуваа и ветуваа, ние изградивме патишта и доверба. Не пуштаме само пат, туку патека кон иднината. Охрид заслужува. Македонија заслужува – порача Мицкоски.

Поврзани содржини