УТЕХА ЗА РОДИТЕЛИТЕ НА ПЛАЧЛИВИ ДЕЦА Aко често имаат тантруми, ќе бидат побогати и поуспешни во животот
Ако детето се бори со сите сили против вас, има тантруми и му пркоси на авторитетот – поверојатно е дека ќе биде поуспешно во кариерата и ќе се збогати, покажуваат анкетите.
Истражување објавено во Развојна психологија ги следело приходите и образованието на децата кои посетуваат училишта во Луксембург и покажало дека оние кои се спротивставувале на авторитетите и им пркоселе на своите родители на помлада возраст имаат склоност да останат подолго во училиште, да го продолжат своето образование и да успеат во своите кариери.
Друга студија од Универзитетот во Пенсилванија, исто така, ја поддржала оваа теорија. Универзитетскиот психолог Ангела Дакворт вели дека ако децата покажат особина на личноста што таа ја означува како „борбена“ уште од рана возраст, тие се со поголема веројатност да бидат поуспешни во нивните кариери. Психологот борбеноста ја опишува како „упорност и страст за долгорочни цели“.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.