Европската Унија изневери многу држави, но една речиси уништи. Неспорно е дека за евентуални нови тензии во државата и политичката нестабилност одговорноста ја сноси и Европската Унија, пишува денеска „Јутарњи лист“ коментирајќи ја оставката на премиерот Зоран Заев по одржаниот втор круг локални избори во неделата.
Весникот наведува дека ЕУ веќе два дена не реагира на новонастанатата ситуација во Северна Македонија. – Може да се разбере и ставот дека не коментираат резултати од избори, особено локални. Но оставката на премиерот ја менува целокупната политичка ситуација не само во Македонија, туку и пошироко, пишува „Јутарњи“.