Јутјубер загина на 25. роденден, луѓето не верувааат што објавил ден претходно ВИДЕО

863

Јутјуб-ѕвездата Кори Ла Бери загинал во сообраќајна несреќа во неделата вечер додека го прославувал 25-иот роденден.

Според пишувањата на американскиот таблоид „TMЗ“, Кори бил совозач во автомобилот со кој управувал тату-мајсторот и лицето на емисијата „Инк мастер“, Даниел Силва (26), за кого се тврди дека не се здобил со повреди опасни по живот.






„ТМЗ“ наведува дека Даниел се забил во сообраќаен знак и дрво. Кори во болницата бил прогласен за мртов. Даниел е уапсен под обвинение за убиство.

Снимките од социјалните мрежи на јутјуберот кој имал 350.000 следбеници, на таа платформа го прикажуваат Кори како пие и танцува во својот дом во Лос Анџелес, еден ден претходно.

„Срцето ми е скршено, на неговиот 25-ти роденден… беше многу пијан и влезе во автомобил со пијаниот возач. Немам зборови со кои можам да ја опишам тагата што ја чувствувам поради загубата на детето“, напишала неговата мајка вчера на Инстаграм.

Последната снимка на Јутјуб, Кори ја објавил воочи роденденот. Најавил дека со пријателите и цимерите би можел да се напие, а покрај видеото напишал дека ќе го избрише за 24 часа.

„Она што е толку лудо е дека најавил бришење на видеото за 24 часа. Мислел дека ќе го доживее наредниот ден, што е толку лудо и застрашувачки, покажува дека никогаш не знаете кога ќе заминете ниту кога ви е последниот ден“, е само една од реакциите под снимката, каде многумина се простуваат од него.

 

Поврзани содржини