ЈУТЈУБЕР НАПРАВИ ВИСТИНСКА „ИГРА СО ЛИГНИ“ Видеото е попопуларно од Нетфликс-серијата (ВИДЕО)
Видеото започнува со играта „црвено светло, зелено светло“, во која учесниците носат прикачен механизам кој ќе направи звук на експлозија и ќе ги извалка нивните маици секогаш кога тие треба да бидат „застрелани“. Исто така, на еден од натпреварите, кога играчите скокаат од мостот, на сцената имало пена за да не се повредат.
Јутјуберот Џими Доналдсон, или „MrBeast“, создаде видео базирано на шоуто Squid Game, корејската серија на Нетфликс која ја опишува богатата елита која ги тера сиромашните луѓе да се натпреваруваат за милијарди долари, пишува ИФЛ Наука. На „MrBeast“ му требале 2 милиони долари да го изимитира сетот и уште 1,5 милиони долари кои ќе ги додели во парични. Сепак, ништо не е толку добро како славата. До овој момент неговото видео има над 120 милиони прегледи.
Во видеото, исто како и во серијата, 456-те натпреварувачи имаат шанса да ја освојат целата сума на пари доколку ги преживеат сите детски игри што им се договорени. За разлика од шоуто, во видеото имаше речиси нула шанса некој да умре обидувајќи се. Наместо смрт, секогаш кога некој натпреварувач ќе беше „убиен“, ќе експлодираше пакет со крв закачен за него, што сигнализираше елиминација на играчот од играта.
Како настана видеото?
Доналдсон им вети на своите следбеници на ТикТок дека ќе го рекреираат сетот доколку неговото видео собере 10 милиони лајкови, а собра многу повеќе. Тој го приспособил сетот, набавил костими кои личат на оние што ги носеа актерите во оригиналната серија и за сето тоа потрошил вкупно 3,5 милиони долари.
Црвено светло, зелено светло
Видеото започнува со играта „црвено светло, зелено светло“, во која учесниците носат прикачен механизам кој ќе направи звук на експлозија и ќе ги извалка нивните маици секогаш кога тие треба да бидат „застрелани“. Исто така, на еден од натпреварите, кога играчите скокаат од мостот, на сцената имало пена за да не се повредат.
south koreans: squid game was hard to watch because it depicts the very real struggle of surviving under capitalism
american youtubers: ok but what if we did it for real https://t.co/pTtVXdsxJ8— morgan sung (@morgan_sung) November 24, 2021
Музичка столица за 456.000 долари
Последната игра Доналдсон ја сменил. Натпреварувачите не играат Squid Game, туку играта „музичка столица“. Тоа е популарна детска игра во која, со музика на пијано или од ЦД, играчите шетаат во круг околу столчиња. Кога музиката ќе престане, секој од играчите се обидува да седне на едно од столчињата. Играчот кој останува да стои е надвор од игра. Победник беше бројот 079, кој доби парична награда од 456.000 долари.