УСВОЕНА ОДБРАНАТА НА ЕУ До 2025 година 5.000 војници ќе бидат на готовс, најмногу Германци

Новиот безбедносен концепт треба да го замени претходниот таканаречен Бателгруп концепт со две единици со по 1.500 војници. Во последно време имаше проблеми со недоволниот број војници за овие единици.

440

Министрите за надворешни работи и за одбрана денеска го усвоија предлогот за стратешки одбранбен компас за ЕУ со кој се координира и усогласува заедничката одбранбена политика на ЕУ. До 2025 година 5.000 војници, т.н. сили за брза реакција, најмногу Германци ќе ја бранат Европа.

Концептот уште пред неколку години го иницираше Германија, но по рускиот напад врз Украина, како што се дознава од дипломатските кругови, тој е преработен уште еднаш. Новиот безбедносен концепт треба да го замени претходниот таканаречен Бателгруп концепт со две единици со по 1.500 војници. Во последно време имаше проблеми со недоволниот број војници за овие единици.






Шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, го поздрави усвојувањето на предлогот после две години преговори. Тој нагласи дека ова нема да стави крај на војната во Украина, но дека доаѓа во право време кога секој граѓанин во Европа ја разбира целта за зајакнување на силата на ЕУ“.

– Реков дека Европа е во опасност, многумина тогаш мислеа дека го кажувам тоа за да го продадам производот, да привлечам внимание, денес сите се уверени дека Европа е во опасност, очигледно е после инвазијата и оваа војна е тектонска промена на геополитичкиот пејзаж – рече вечерва високиот претставник на ЕУ за надворешна политика.

Борел нагласи дека со стратешкиот компас ЕУ ќе може да реагира поцврсто и поодлучно во услови на кризи и да ја обезбеди сигурноста на европските граѓани. Тоа ќе има цена: ќе треба земјите да инвестираат во воени капацитети и да ги зголемат трошоците за одбраната, околу 1,5 отсто. Од друга страна, НАТО бара зголемување на воениот буџет на два отсто од бруто домашниот производ.

Шефот на ЕУ дипломатијата исто така инсистираше дека овој документ во ниеден случај не значи конкурентност со НАТО, туку надополнување.

Поврзани содржини