Усвоен е Протокол за превентивни мерки за работните места поради заштита од коронавирус

570

Владата на денешната седница го усвои Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на ковид-19, кои важат за работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.

Протоколот вклучува мерки кои се однесуваат на личната хигиена и заштитна опрема, препораки за респираторната хигиена и физичкото дистанцирање во работните простории, како и редуцирање на патувања поврзани со работата, како и посебна организација кога е неопходно да се спроведат.






Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на ковид-19 опфаќа и препораки и мерки за редовно чистење и дезинфекција на работната средина, постојана комуникација, обука и едукација за ризици, како и постапки кога е потребно менаџирање на вработените кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на коронавирусот.

Поврзани содржини