УСТАВОТ ЌЕ ПРИМИ И ДРУГИ НАРОДИ? Ќучуќ вели дека и Хрватите и Црногорците чекаат ред
Не давајќи дециден одговор околу правата на Македонците во Бугарија, тој нагласи дека до решенија ќе се дојде заедно со образовната, културната и инфраструктурата поврзаност.
Eвропратеникот Илхан Ќучук запрашан дали е можна европска перспектива и решение, ако од бугарска страна се негира македонското малцинство, а се барa вклучување на Бугарите во Уставот, рече дека такво барање има не само од Бугарите, туку и од Хрватите и од Црногорците.
– И тие бараат да бидат запишани во Уставот на Република Северна Македонија. Тоа треба да се случи на еден разумен начин и во рамките на процедурите. Процесот е долг, но гледам дека има желба за разговор за оваа тема – истакна Ќучук на маргините на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ што се одржа денеска во Скопје.
Не давајќи дециден одговор околу правата на Македонците во Бугарија, тој нагласи дека до решенија ќе се дојде заедно со образовната, културната и инфраструктурата поврзаност.
Запрашан дали е во комуникација со бугарскиот премиер Кирил Петков, Ќучук изјави дека немал средба со него, нагласувајќи дека како известувач на Европскиот парламент за земјава негова задача е да работи активно со граѓаните на Северна Македонија и со претставниците на политичките структури.
– Да го слушнам секој еден глас, кој ќе ми каже во која насока се движи македонската демократија, колку високи се стандардите, каде има отстапки – додаде Ќучук.