Уставните судии во среда ќе го „оживеат“ Собранието?
Ако предлогот за укинување на Одлуката за распуштање на Собранието биде прифатен, во среда кога ќе заседава колегиумот на уставните судии, ќе биде отстранета правната пречка за закажување собраниска седница, велат извори од Судот за телевизија Телма.
Судии во Уставниот суд имаат намера да им предложат на своите колеги поведување иницијатива по службена должност за укинување на Одлуката за распуштање на Собранието со образложение дека не ја остварила целта поради која беше изгласана, односно не резултирала со предвремени избори на 12 април.
Ако овој предлог биде прифатен, во среда кога ќе заседава колегиумот на уставните судии, ќе биде отстранета правната пречка за закажување собраниска седница, велат извори од Судот за телевизија Телма.
Доколку овој собраниски состав се врати на работа, прашањето за избори повеќе не би било толку ургентно.