Уставниот суд на денешната седница го запре уривањето на дивите плажи на Охридското Езеро со образложение дека уредбата на Владата со законска сила не била мерка за справување на последиците од корона вирусот.
Уставниот суд информира дека во врска со постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба донел решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа уредба.
За плажите кои се предмет на уривање од страна на локалната власт нивните закупци не плаќаат со години.
Извори од Уставниот суд за сдк.мк изјавија дека „овој вид Уредба нема врска со вонредна состојба. Тоа Владата може да си го спроведе со закон, а не со уредба со законска сила за време на вонредна состојба.