Уставниот суд нема да ја оценува одлуката за распуштање на Собранието

425

Не постојат услови за прифаќање на иницијативата на судијата Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 43/2020), едногласно одлучија судиите на Уставниот суд на денешниот работен состанок по завршувањето на XII седница на Судот.






– Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост. Притоа, тогаш во расправата беа земени предвид и околностите на кои се укажува со иницијативата, – велат од Уставниот суд.

Поврзани содржини