Уставниот суд ќе расправа за прогласувањето на „Северна“ без Указ од Иванов?

Поднесени се четири иницијативи меѓу кои на Светскиот Македонски конрес, на Солза Грчева и на адвокатот Томе Тодоровски.

604

На 18 март Уставниот суд ќе распрва за иницијативата за објавувањето на новото име на Репубика Македонија во Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов, објави „Република“.

Се очекува одржување на подготвителна седница на која ќе се донесе одлука дали по оваа точка ќе се закаже главна расправа или ќе ги отфрли иницијативите. Поднесени се четири иницијативи меѓу кои на Светскиот Македонски конрес, на Солза Грчева и на адвокатот Томе Тодоровски.






Тие во иницијативите сметаат дека претседателот има право на суспензивно или џебно вето и оти претседателот на Собранието, во случајот Талат Џафери нема право да потпишува Указ со негово име.

Иницијаторите не се оптимисти дека оваа иницијатива ќе биде прифатена со оглед на распоредот на силите во Уставниот суд и политичкото влијание.

Уставниот суд не прифати да расправа и ги отфрли иницијативите со кои Собранието го изгласа Договорот од Преспа.

Поврзани содржини