ВРЕДИ ЌЕ РАКОВОДИ СО ВАЖНИ РЕСОРИ ВО ИДНАТА ВЛАДА Ќе отвориме дебата за уставните промени, вели Гаши
Следствено, ова нè обврзува да ги претставуваме Албанците и во идната Влада, каде што, меѓу другото, ќе раководиме со важни институции од секторот за внатрешни работи, кои се одговорни за санкционирање на криминалот и корупцијата, за да се бориме силно и директно против повеќеслојниот и долгогодишниот криминал и корупција, изјави Гаши.
Коалицијата ВРЕДИ(ВЛЕН) ќе раководи со важни ресори во идната коалициска влада, најави денеска Африм Гаши на прес-конференција.
– Следствено, ова нè обврзува да ги претставуваме Албанците и во идната Влада, каде што, меѓу другото, ќе раководиме со важни институции од секторот за внатрешни работи, кои се одговорни за санкционирање на криминалот и корупцијата, за да се бориме силно и директно против повеќеслојниот и долгогодишниот криминал и корупција. Додека сме овде, морам да Ве повикам да бидете спокојни дека е само пропаганда тоа дека некој ќе ги блокира уставните измени и евроинтеграцискиот пат. Албанската коалиција ВРЕДИ е гаранција во идната Влада дека уставните измени ќе се усвојат и за ова ќе имаме посебна рамка за мерките и роковите за спроведување на оваа обврска. Секако, нашето инсистирање е тие да се усвојат што е можно побрзо и преговорите за пристапување во ЕУ да започнат што поскоро – рече Гаши.
Коалицијата Вреди ќе отвори широка дебата за уставните промени, во која ќе бара при усвојување на уставните измени, да се донесе и одредба според која претседателот на државата ќе се избира во републичкото собрание, со што е можно поширок политички консензус, но и со поголема етничка кохезија преку двојното мнозинство.
– Мојот последен апел е да работите со голема трудољубивост, посветеност и грижа, со цел победата на 8 мај да биде што повеличествена. Убедени дека сето тоа вреди да се направи – вели Гаши.
На денешната на прес-конференција Африм Гаши од албанската коалиција ВРЕДИ посочи дека во идната Влада тие се гаранција за уставните измени.